Македонија
13. January 2021 - 16:48

Василичарски оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид и оваа година на невообичаен начин на православните верници им го честитаа празникот Василица и Православна нова година.

Со палење оган и со симболично „печење“ колбаси во водите на Охридското Езеро тие посакаа здравје, среќа и успеси во Новата 2021 година по Јулијанскиот календар.