Василичарски концерт на Македонската опера и балет
Традиционални македонски песни во изведба на Андријана Јаневска и Оркестарот на Македонската опера и балет, специјално аранжирани од композиторот Илија Пејовски, се на програмата на вечерашниот концерт кој МОБ го организира секоја година за празникот Василица. Режисер е Љупка Јакимовска, а оркестарот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.
Концертот е насловен „Заборавени песни“ затоа што се избрани песни кои веќе ретко се слушаат, како „Ѕвонче ѕвони“, „Да сум бистра вода“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Три години, лудо, болна лежам“, „Три билбила поев“, „Слегов долу во визбата“..., а две песни од програмата досега воопшто не се изведени. За една од песните ќе биде употребена тамбура на која ќе свири Стевче Стојчевски, изведувач на традиционални инструменти. Солистката Јаневска ќе ја запознава публиката за композициите, кажувајќи за секоја од нив каде била снимена, кој прв ја испеал итн...
Таа е прв солист со целовечерен настап на традиционалниот василичарски концерт, на кој во минатите години учествуваа неколку солисти. Рече дека е почестена поради тоа и затоа што токму неа за солист на целовечерниот концерт ја избрал композиторот Пејовски, кој бил аранжер на нејзината прва песна („Те сакам бескрајно“, во дует со Пеце Огненов на Скопскиот фестивал во 1998). Со концертот „Заборавени песни“ МОБ ќе одбележи 70 години од раѓањето на Пејовски.
- Тој е наш познат музичар, аранжер, пред се на џез-музика. И поради тоа сакавме да направиме интересен спој со нашите традиционални македонски песни, меѓутоа оние кои се подзаборавени и оттаму е насловот на концертот. Традиционалните македонски песни се на некој начин меч со две острици, имаме примери за многу препеани песни, некојпат тоа звучи добро, некојпат лошо. Линијата е тенка и не треба да се премине во некакво сквернавење. Но, уверувам дека овој концерт ќе биде нешто сосема поразлично и со аранжманите на Илија Пејовски ќе дадеме друг призвук, рече Јаневска на прес-конференција по повод концертот.
Василичарскиот концерт по повод Стара Нова година МОБ го организира од 1993 година и се вбројува меѓу најпосетените концерти. За да ја одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, МОБ првпат годинава по концертот ќе организира бесплатен коктел на кој ќе има пита со паричка. Парчиња ќе добијат сите посетители, а среќниот кому ќе му се падне ќе биде кум и ќе добие гратис билети за целата сезона на МОБ.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово