Васил Јанкула, кој боледува од церебрална парализа, ја извози патеката на Охридскиот маратон
Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, ја оствари својата цел, и со точак на три тркала ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон.
- Васил беше дел од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември. Денот на независноста на Република Македонија. Со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници. Огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа беа посилни од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, пишува весникот „Илинден“.
Се додава дека Васил покажал оти различностите се насекаде околу нас, но дека треба да бидат прифатени и оти лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан, па макар и вон конкуренција.
- Со солзи го кажувам ова, но ова младо момче тоа го заслужува. Посакувам да имав магично стапче и се да сменев. Но, си велам се ќе беше попусто бидејќи Васил е посилен и од науката и од здравството. Тој е пример како понатаму да се види изгрејсонцето, да се стане со насмевка и на животот да му се спротивстави со цврсто јас, а тоа е токму Васил, победник на самиот себе си, огледало и пример за секого, изјави неговиот тренер Тони Ангеловски.
Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му го честита успехот, со кој покажа дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика