Балкан
23. November 2016 - 9:55

Вашингтонската група во петок ќе дискутира за грчкиот долг

Состанокот на Вашингтонската група што ќе се одржи во петок во Берлин не е вонреден состанок, соопштија извори од грчкото Министерство за финансии.

Според истите извори, на состанокот, меѓу другото, ќе се дискутира и за грчкиот долг.

Вашингтонската група е неформална група составена од министрите за финансии на четирите најголеми земји во еврозоната - Германија, Франција, Италија и Шпанија, како и претставници на Еврогрупата, Европската централна банка и ММФ.