Македонија
18. December 2016 - 13:06

„Вашингтон Пост“: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада

Лидерот на македонската конзервативна коалиција која победи на изборите, обвини дека „срански медијатори, амбасадори и претставници на странски држави“ се мешаат во внатрешните работи на државата, пишува американскиот „Вашингтон Пост“.

-Никола Груевски, поранешниот премиер, се обрати пред седиштето на Државната изборна комисија во Скопје, во саботата, но не прецизира за која држава станува збор. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ја победи опозициската СДСМ, со тесна разлика, а опозицијата до ДИК поднесе приговори по однос на изборите, пишува „Вашингтон Пост“.

Груевски, нагласува весникот, рече дека странци влијаеле врз членови на комисијата и врз некои политички партии.

-Конзервативната партија очекува да формира влада со нивниот долгогодишен партнер, ДУИ, пишува „Вашингтон Пост“.

Во текстот за заклучува и дека лидерите на сите четири албански партии, кои што освоија мандати во Парламентот, одржаа разговори во Тирана , со албанскиот премиер, Еди Рама.