„Вашингтон пост“: Белата куќа сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја претвори Меѓународната вселенска станица во нешто како недвижен имот во орбитата, со кој нема да управува државата, туку приватната индустрија, пишува весникот „Вашингтон пост“.
Белатa куќа планира да го запре финансирањето на вселенската станица по 2024 година и да ја прекине државната поддршка за лабораторијата во земјината орбита. Се подготвува преоден план, според кој станицата ќе биде префлена на приватниот сектор, стои во документ на НАСА за внатрешна употреба во кој весникот имал увид.
- Одлуката за прекин на директната федерална помош за Меѓународната вселенска станица во 2025 година не значи дека станцата тогаш ќе биде извадена од орбитата. Можно е индустријата да продолжи да употребува некои нејзини елементи или можности како дел од идна комерцијална платформа, стои во документот.
НАСА, исто така, ќе ги продолжи меѓународните и трговските партнерства во следните седум години, за да обезбеди понатамошен пристап и присуство на луѓе во ниска орбита околу Земјата.
Планот за приватизација на Вселенската станица веројатно ќе се судри со големо несогласување, воглавно затоа што САД потрошиле околу 100 милијарди долари за нејзина изградба и нормална работа.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море