Македонија
10. April 2021 - 16:01

Васев: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките

На ВМРО-ДПМНЕ не му е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту му е грижа за здравствениот сектор и здравствените рабптници.

На ВМРО-ДПМНЕ му е битно само да спечали некаков ситен политички поен на маката на граѓаните, на трудот на лекарите.

Тоа денеска и сами пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го признаа во обраќањата на нивниот лицемерен протест каде се зборуваше за се освен за заштита на јавното здравје.

Денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките, како се загрозува јавното здравје, како заболените и починати лица се злоупотребуваат во дневнополитички цели.

Колку оваа партија е загрижена за јавното здравје покажува тоа што наместо конструктивност и поддршка кон здравствените работници, денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно си играше „Шарена револуција“ вознемирувајќи ги и здравствените работници и граѓаните.

Од почетокот на пандемијата па до денеска се што прави ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е на штета на здравствениот систем, на штета на јавното здравје.

Како ниедна партија во светот ВМРО-ДПМНЕ е на страна на вирусот, наместо на страна на граѓаните и здравствените работници.

Тоа срамно дејствување е антидржавно, антинародно и опасно по јавното здравје.

Ете затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму.

Стефан Васев, СДСМ