Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ
Измина веќе еден месец од одржаните локалните избори, влегуваме во вториот, а градоначалниците на Мицкоски ништо не работат.
Јавноста е сведок дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ единствено што излегоа во јавноста овој период е промовирање проекти од СДСМ, истите оние кои ги критикуваа, како и промоција на Христијан Мицкоски.
Беше промовиран проект на СДСМ во Гази Баба за канализација, проект на СДСМ во Аеродром за фотоволтаици, проекти на СДСМ во Кисела Вода но и во други општини.
Данела Аросвска никаде ја нема, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем. За овој период не можеше ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов.
Дрско и спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжија со уништување на Охрид и Охридското езеро.
Во некои општини како Ѓорче Петров и Бутел, наместо да ги расчистуваат депониите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги трупаат депониите и создаваат нови.
Освен ова, уште во првите денови од мандатот го покажаа своето вистинско, режимско лице.
Јавноста е сведок дека во неколку општини уште во првите недели луѓе се бркаа од работа, се деградираа само затоа што не се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, не закажува вонредна седница на барање на советниците од СДСМ, коалицијата и ДУИ за исплата на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.
Овој период видовме и голо политиканство и кршење на Уставот од страна на градоначалниците на Кисела Вода и Штип.
Заклучокот е дека на почеток на мандатите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо за интересите на граѓаните и општините, работат за интересите на заменик градоначалникот Христијан Мицкоски.
Прават се, освен она за што граѓаните ги избраа.
Изјава за медиуми на Стефан Васев од СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка