Свет
16. January 2017 - 14:37

Варшава бара јасна политика од Берлин пред посетата на Меркел на Полска

Германија мора да реши каков вид односи сака да има со Полска, порачува преку полските медиуми лидерот на владејачката полска партија Право и Правда, Лех Качински пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Варшава.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, пред посетата на Меркел во Полска на 7 февруари, Качински бара расчистување на односите меѓу двете земји.

Тој најави дека ако се сретне со него, на Меркел ќе и порача Германија да одлучи какви односи сака да гради со својот прв сосед.

- Не можете да го валкате името на Полска и во исто време да очекувате да имате добри односи, изјави Качински. 

Според лидерот на ПиС, полската Влада неправедно е напаѓана од германските медиуми за недемократски процедури, за што делумна вина има и канцеларката Меркел.

Тврдењата дека Берлин нема влијане на германските медиуми е приказна за мали деца, смета Качински.