Вархеји во Тирана: Без целосен парламент не се движите кон ЕУ
Високиот комесар за проширување и соседство, Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама коментирајќи ги изборните резултати во Албанија рече дека ги чекаат конечните резултати, но порача дека целосниот и функционален парламент е суштински и е услов за патот на земјата кон ЕУ.
-Имаме навистина добар амбасадор и горд сум што работам со него, секако ја следам неговата работа и бевме во контакт и за изборите. Во однос на резултатот истиот со внимание го следев и мислам дека по жешката кампања резултати се јасни и официјални. Ние сакаме да ги видиме сите нерегуларности дури и купувањето на гласови за што ќе мора да почекаме за конечните резултати и новото собрание да започне со работа. Без целосен парламент не може да се оди во ЕУ. Работата мора да се забрза не само од владата, туку и од собранието, каде што секој мора да покаже работа, чекаме резултатите од апелот за да се одиме напред, порача Вархеји, кој денеска е во посета на Тирана.
Од своја страна премиерот Еди Рама рече дека за Демократската партија мнозинството е секогаш отворено за соработка.
-Мое убедување и волја е дека 3-тиот мандат не личи на претходните два во однос на внатрешните недеразборања. СП ќе ја напушти баналната војна, непотребна за земјата, ќе се фокусираме на големите работи за кои гласавме. ДП е добредојдена кога и да се спушти на земја, да отвори дискусија без никакви услоувања за да се поттикне повеќе работа и дефинитивно интеграција. Нема што да додадам повеќе. Сакам да се држам настрана од старите полемики на партиите, момент е Албанија да оди напред, имаме потенцијал, рече Рама.
Високиот претставник на ЕУ, соопшти дека Албанија ќе добие 145 илјади дози вакцини Фајзер донација од ЕУ.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО