Вархеји во Приштина: Косово треба да продолжи со реформите
Комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово треба да продолжи со реформите, особено во правосудството.
-Имавме многу добра дискусија со претседателката Османи. Косово е одлучно на својот пат да стане членка на Европската унија. Го цениме тоа што Косово ни се придружи против руската агресија во Украина. Меѓу другото, разговаравме и за значењето на реформите. Косово мора да продолжи со реформите, особено во правосудството. Косово мора сериозно да се бори и против корупцијата и организираниот криминал, рече Вархеји.
Еврокомесарот додаде и дека целиот регион ќе има корист од нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Османи рече дека прашањето за правосудството „не е приоритет само на хартија“, туку е приоритет на Владата и граѓаните на Косово и најави поддршка од 6,5 милиони евра од ЕУ за владеење на правото.
Вархеји денеска се сретна со косовскиот премиер Албин Курти и претставници на граѓанското општество, а заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ќе ја почне Програмата за внатрешни работи на Европската унија и Косово, со цел понатамошно усогласување на Косово со стандардите на ЕУ во спроведувањето на законот и борбата против организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Маричиќ: Доколку не се направат уставните измени дефинитивно ќе биде испуштена шансата за ЕУ
-
Средношколците со иницијатива до Уставен: Бесплатен јавен превоз и за приватните училишта
-
Д-р Јовев: Имав притисоци, јас и Кардиохирургија испаднавме жртви
-
Пронајден мртов затвореник во „Идризово“
-
160 арачиновци без струја, тројца соселани не дозволуват ЕВН да го санира дефектот
-
Окружното обвинителство во Софија бара имунитет за Кирил Петков
-
Меџити: Нема политика во разрешувањето на Јовев
-
Шаќири очекува 1 септември со учебници, проблем се предметите за кои нема пријави од автори