-->
-->
Вархеји: БиХ би можела да добие кандидатски статус следниот месец
-->
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.
„Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ“, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.
Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето“, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу.
Сега земјите кандидати треба прво да ги исполнат своите задачи“, рече Вархеји.
Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.
Првиот дел од Форумот на Унијата за Медитеранот, организација создадена во 2008 година, е посветен на прашањата за безбедноста на снабдувањето со храна и енергија под влијание на конфликтот во Украина. Вториот дел е посветен на безбедноста и миграцијата во соседството на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд