Македонија
7. October 2020 - 16:53

Вархеј со порака: Да не се драматизира но да се решат отворените прашања со Бугарија

Извештајот  на ЕК е потврда дека  се исполнети условите за одржување на првата меѓувладина конференција, а сега останува и да се донесе одлука за преговарачката рамка, порача еврокомесарот за проширување Вархеи кој во Скопје лично му го предаде документот на премиерот Заев. Комесарот очекува Македонија и Бугарија да го најдат решението за спорните прашања  и во декември преговорите да почнат. Тој повика на трпение бидејки како што рече дипломатијата во моментов функционира.

„Јас можам само да повторам дека е во интерес и на Македонија и на Бугарија да најдат решенија за овие прашања. Гледам посветеност кај премиерите Заев и Борисов и се надевам дека ќе успеат да најдат решение, а ние ќе направиме сѐ што можеме да помогнеме во тој процес. Не би драматизирал многу околу прашањето, сериозно е, но може да се најде решение.

И за премиерот Заев ова е шанса и политички момент кој не смее да се пропушти. Извештајот, но и атмосферата на ЕУ се поволни земјава конечно да го започне преговарачкиот процес.

Во извештајот се бара од Македонија да ги засили напорите во оставување на клучните реформи во демократијата и владеењето на правото.