Кошарка
30. April 2016 - 10:23

Варезе и Скајлајнерс во борба за пехарот на ФИБА Европа купот

Екипите на Варезе и Скајлајнерс ќе играат во финалето на ФИБА Европа купот откако синоќа во полуфиналето на завршниот турнир постигнаа победи. Италијанскиот тим Варезе направи изненадување со победата над домаќинот Шалон од Франција со 91:82.
Во второто полуфинале германскиот тим Скајлајнерс Фрапорт славеше над руската екипа Енисеј со 59:56.
Натпреварите за пласман се играат во недела. Дуелот за 3.место меѓу Шалон и Енисеј почнува во 17:30 часот, а финалето меѓу Варезе и Скајлајнерс почнува во 20:30 часот.