Фудбал
26. October 2020 - 9:03

Варди му донесе триумф на Лестер над Арсенал

Лестер го победи Арсенал со 1:0 вечерва на гостински терен во мечот од 6. коло на англиската Премиер лига.

Единствениот гол на натпреварот во 80. минута го постигна Џејми Варди.

За него ова е 11. погодок на 12 настапи против Арсенал во првенството. Само поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни има повеќе од него (вкупно 12).

Во исто време, Варди е најдобар стрелец во Премиер лигата на гостински терен против „топчиите“ со пет гола.

По оваа средба, Лестер со 12 бода е на четвртото место во поредокот, Арсенал со 9 бода е на 10. позиција.