Loading Video...
Ракомет
6. May 2019 - 12:59

Вардаровците Карачиќ, Дибириов, Молосављев, но и Манасков во изборот на ЕХФ

Ракометарите на Вардар уште еднаш успеаја да се пласираат на завршниот фајнл-фор турнир во Лигата на шампионите.  
 
Покрај вардарци за кои ова ќе биде трет настап на завршницата во Келн ќе играат и екипите на Барселона,  полскиот Килце и унгарски Веспрем. 
 
Игор Карачиќ кој на реваншот против ПИК Сегед постигна 8 голови се најде во идеалниот тим на оваа рунда. Во изборот на ЕХФ се и Тимур Дибиров кој го има најубавиот гол, како и Дејан Манасков чиј гол во дресот на Веспрем е вториот најдобар во оваа рунда, во која пак петтата најдобра интервенција ја има вардаровиот голман Дејан Милосављев.
 
Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни, а двојките за полуфиналето ќе бидат извлечени утре.