Ракомет
15. October 2017 - 16:25

Вардарки славеа победа на гостувањето во Германија кај Турингер

Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа во Лигата на шампионките совладувајќи го германскиот првак Турингер. 
 
Македонските шампионки попладнево гостуваа кај германскиот шампион Турингер,  во рамките од 2.коло на Ц групата. Вардарки славеа победа со 29-19 полувреме 19-11.
 
Германките беа рамноправни само во првите 10-минути кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше серија на Вардар од 6-0 за водство во 16.минута со шест гола разлика (12-6), за на крајот на полувремето да заминат со предност од осум гола (19-11) 
 
Во второто полувреме избраничките на Ирина Дибирова, рутинирано ја одржуваа предноста која на крајот на мечот изнесуваше десет гола 
29-19
 
Најефикасна во редовите на Вардар беше Јованка Радичевиќ која средбата ја заврши со 7 гола, додека по 5 постигна Александра Лакамбре, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ (сите во првото полумреме.
 
Вчера во првата средба од оваа група унгарскиот ФТЦ со 37-33 го совлада Ларвик.
 
По два одиграни меча, ЖРК Вардар е лидер на табелата со максимални 4 бодови, пред ФТЦ и Турингер  кои имаат по 2, односно норвешкиот Ларвик кој е без освоен бод. 
 
Токму Ларвик е следниот противник на ЖРК Вардар во мечот кој ќе се игра на 21 октомври (сабота) во Норвешка.