Ракомет
14. October 2016 - 9:52

Вардарки против ФТЦ ја отвараат сезоната во Лигата на шампионките

 Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар со денешниот натпревар против унгарската екипа ФТЦ (Ференцварош) од Будимпешта ќе ја започнат новата сезона во елитната Лига на шампионки. 
 
Цел на вардарки и годинава е пласман на завршниот фајнал-фор турнир, а за таа цел најнапред ќе треба да ја потврдат фаворитската улога во првата фаза по групи во која црвено-црните покрај денешниот противник ќе играат и со руската екипа Астракханочка и тимот на лајпциг од Германија. 
 
Токму со дуелот меѓу ЖРК Вардар и ФТЦ кој ќе се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јана Сндански“ ќе биде означен стартот на групната фаза во елитното натпреварување.
 
Комплетните двојки, по групи, за 1.коло се: 
А група: Будуќност – Мец (сабота) и Турингер – Гласверкет (недела)
Б група: ЖРК Вардар – ФТЦ (петок) и Астракханочка – Лајпциг (сабота).
Ц група: Ѓер - Мидтнјиланд (сабота) и СЦМ Букурешт – Ростов Дон (недела) 
Д група: Есбјерг – Крим Меркатор и Ларвик – Савенхоф (сабота). 
 
Пласман во втората фаза нема да обезбеди само најслабо пласираната екипа во секоја од четирите групи.