Ракомет
13. May 2016 - 20:19

Вардарки очекувано и убедливо го победија Куманово во Купот на Македонија

 
Ракометарките на ЖРК Вардар забележаа очекувано убедлива победа над Куманово во полуфиналето на Купот на Македонија.
 
Вардарки во вториот полуфинален меч од завршницата на купот што се игра во салата Автокоманда во Скопје го победија Куманово со 33 гола разлика 51:18 полувреме 28:9.
 
Во недела, црвено-црните во финалето ќе играат против Металург екипа која по првиот полуфинален меч го побди помоадиот вадаров колектв со 23:19. 
 
Финалето меѓу ЖРК Вардар и Металург в недела ќе започне од 17 часот и 30 минути.

Ново на Сител