Ракомет
12. April 2018 - 13:11

Вардарки очекуваат полни трибини во мечот со Митјиланд

Ракометарките на Вардар во сабота ќе го одиграат последниот натпревар пред својата публика во оваа сезона на Лигата на шампионките. 
 
 
Средбата против Митјиланд ќе биде последната за вардарки пред домашната публика во елитната Лига на шампионки. 
 
Црвено-црните очекуваат полни трибини во дуелот со данскиот тим, а тие ветуваат победа и во реванш дуелот од четвртфиналето. 
 
„Дојдовме до самиот крај. Во „Јане Сандански го играме последниот натпревар заедно. Мислам дека заслужуваме полна сала и ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број. Многу ни е тешко но ќе најдеме сили емоциите да ги надминеме. Победивме на првиот натпревар, но не покажавме тоа што можеме. Мораме да ги поправиме грешките од Данска. Верувам во тимот и верувам дека ќе се пласираме на Ф4 во Будимпешта“, изјави Јованка Радичевиќ со солзи во очите на денешната прес-конференција.
 
Победата од само еден гол разлика (24-24) на гостувањето во првиот меч, е причина повеќе да поголема ангажираност на возвратниот дуел, со што вардарки уште еднаш ќе потврдат дека не само што заслужуваат да играат на завршниот фајнал-фор турнир туку и дека ќе бидат фаворитки за освојување на трофејот. 
 
„Правиме анализа по првиот меч. Ги увидовме грешките и се надевам дека на реваншот ќе ја покажеме нашата сили и ќе се претставиме како што очекувате. Здравствениот билтен е добар и се надевам на победа“, нагласи тренерот Ирина Дибирова.
 
Саботниот дуел меѓу Вардар и Митјиланд во Јане Сандански ќе започне од 17 часот.