Ракомет
16. May 2018 - 23:43

Вардарки ја освоија шестата шампионска титула

Ракометарките на Вардарки и официјално ја освоија нотата титула шампион на Македонија.
 
Вардарки во последното 28 коло Вардар го победи Металург со 49-24 полувреме 23-13 и без пораз уште една ја потврди доминацијата во првенството на Македонија.
 
За Вардар ова е шести шампионски трофеј во домашното првенството со што е втората  најуспешна екипа во историјата на женскиот ракомет во Македонија.
 
Остануваат црвено-црните да ја завршат сезоната со уште еден пехар и тоа од Купот.
 
Веќе престониот викенд во СЦ „Јане Сандански" ќе се играат завршните натпревари во националниот куп во кој вардарки се апсолутни фаворитки, а во полуфиналниот меч (сабота) Вардар за противник ќе го има составот на Пелистер.