Loading Video...
Ракомет
14. April 2018 - 18:40

Вардарки го потврдија пласманот на Фајнал-форот во ЛШ

Ракометарките на Вардар со победа над Митјиланд го потврдија својот  пласманот на завршниот Фајнал-форот турнир во Лигата на шампионките
 
Вардарки на доминантен начин стигнаа до втората победа над данскиот Митјиланд во рамките од четвртфиналната рунда со што се изборија за нов настап на завршниот Фајнал-фор турнир во Лигата на шампионките  
 
Откако на првата средба на гости забележаа минимална победа со еден гол разлика (24-23) денеска црвено-црните во последниот меч пред својата публика во Јане Сандански, барем во овој состав, потврдија дека се едени од главните фаворитки за највисок пласман, па го совладаа Митјиланд со 32-25. 
 
Со тоа вардарки се изборија за своето петто во низа учество на фајнал-форот во Будимпешта, на кој сигурен патник е и рускиот тим Ростов Дон кој исто така забележа две победи над Ференцварош, а на добар пат се тоа да го сторат и шампионите од последните две сезони Ѓер и ЦСМ Букурешт