Loading Video...
Ракомет
16. September 2021 - 10:07

Вардарци жалат за пропуштеното, но и освоениот бод вреди многу

 
Единствениот македонски  претставник во ракометната Лига на шампионите, Вардар пропушти убава шанса со победа да ја започне новата сезона
 
Вардарци во првата рунда на гостувањето кај Елверум одиграа нерешено 27-27 иако во неколку наврати имаа и четири голови предност. 
 
Новите засилувања Жереми Тото и Јоел Моралес беа најефикасните ракометари во составот на Вардар со шест односно пет постигнати гола, додека Ѓаџа средбата ја заврши со четири, а имаше и шанса во последните мигови да му донесе победа на својот тим, но неговиот обид беше непрецизен, па на семафорот остана резултатот 27-27. 
 
Тренерот на вардарци Веселин Вуковиќ иако жали за пропуштеното, сепак смета дека нерешениот резултат е и најреален исход на овој меч.
 
„Ова беше цврст, борбен дуел во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи, не создаде поголема предност. Ремито е повеќе од реално. Му честитам на Елверум за тоа што го прикажа. Ние бевме подобри во првиот дел, Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е најреален. Во едно сум сигурен, многу тимови ќе загубат тука. Ние немаме многу време за размислување, веднаш почнуваме со со подготовки за следните натпревари“, изјави по мечот Вујовиќ.
 
Во второто коло закажано за 22 септември (среда), Вардар го пречекува Мешков Брест, но претходно, претстојниот викенд, црвено-црните ќе го игра и дербито со Еурофарм Пелистер во домашно првенство. 
 
На останатитре натпревари од А групата, победи на гостински терен забележаа Кил кај Мешков Брест со 33-30, како и Алборг кој го победи Загреб убедливо со 34-24, додека дуелот меѓу Монпеље и ПИК Сегед заврши без победник 29-29
 
Денеска на прграмата се првите натпревари од Б групата: Веспрем – ПСЖ, Динамо Букурешт – Киелце, Мотор Запорожје – Порто и Фленсбург – Барселона