Loading Video...
Ракомет
20. August 2019 - 14:04

Вардарци со победа над АЕК ја подигаат формата за „Супер Глоуб“

Ракометарите на Вардар ја подиграат формата за новата сезона, во која треба да бранат четири трофеи. 
 
Актуелниот европски ракометен шампион Вардар ја оствари и втората победа на домашен терен во подготвителниот дел за новата сезона, која „црвено-црните“ ќе ја стартуваат со настап на „Супер Глоуб“ турнирот. 
 
Откако вчера го совладаа македонскиот ривал Еурофарм Работник со 32-30, денеска вардарци беа подобри и грчки АЕК со 31:24. Во поголемиот дел од средбата Вардар беше подобриот противник па на крајот заслужено славеше победа со седум голови разлика. 
 
Тимур Дибиров со десет и Сташ Скубе со седум постигнати голови беа најефикасни во редовите на „црвено-црните“.
 
Потсетување дека вардарци како актуелни европски шампиони, на претстојниот „Супер Глоуб“ во  Дамам во Саудиска Арабија, ќе започнат од четвртфиналната рунда во која за противник ќе го имаат подобриот од мечот меѓу американскиот Њу Јорк Сити и саудискиот тим Ал Муџар. Турнирот ќе се игра од 27-ми до 31-ви  август.