Loading Video...
Ракомет
14. February 2020 - 15:59

Вардарци се надеваат на поддршка и победа во дуелот против Мотор Запорожје

Ракометарите на Вардар утре ќе го одиграат последниот меч пред своите симпатизери, во Лигата на шампионите, барем што се однесува до групната фаза. 
 
Актуелниот европски првак Вардар го пречекува тимот на Мотор Запорожје во рамките од 12.коло на Б групата во Лигата на шампионите. 
 
Дуелот против украинскиот тим за вардарци може да биде и клучен што се однесува до пласманот во нокаут фазата. 
 
Имено на три кола до крајот Вардар е на шести на табелата со 9 бодови , пред Мешков Брест кој има три помалку, а зад Порти кој има бод повеќе (10). 
 
Имајќи в предвид дека во последните два меча црвено-црните ќе играат на гостински терен кај Порто и кај Монпеље во последното коло, победа над Мотор е императив за одржување на шансите за влез во осминафиналето. 
 
Задачата нема да биде ни малку лесна имајќи ги во предвид проблемите со кои се судруваат во таборот на македонскиот шампион, особено по заминувањето на Кристопанс и Атман.
 
„Нè очекува еден тежок натпревар, знаете дека имаме проблеми со играчкиот кадар, но играме на домашен терен, максимално сме фокусирани. Играчите се свесни за ситуацијата и мислам дека ќе го дадат максимумот. Ја користам оваа можност да ги повикам навивачите да дојдат да нè бодрат и заедно да се издрадуваме на победа со која и дефинитивно ќе се пласираме во осминафиналето“, истакна Алушовски
 
Натпреварот Вардар - Мотор Запорожје ќе се игра утре (сабота) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот и 30 минути.