Loading Video...
Ракомет
25. October 2021 - 14:44

Вардарци подготвени за Кил, се надеваат на победа

Ракометарите на Вардар во среда го пречекуваат германски Кил во меч од 6.коло на шампионската лига
 
Двата последнователни порази од Монпелје во Скопје и на гостувањето кај Алборг се минато, па ракометарите на Вардар сега се фокусирани на претстојниот меч со германски Кил закажан за во среда во Скопје. 
 

„Имавме недоразбирања во одбраната на последните два меча, верувам дека против Кил тоа ќе се поправи. Мора да бидеме дисциплинирани, да имаме концентрација во клучните моменти, овие ситни финеси мора да ги поправиме за да останеме на високо ниво, да одговориме вистински на предизвиците.Кил е одлична екипа, добро се познаваат, но секако и тие имаат слаби страни, анализираме, мора да ги казниме, мора да го искористиме жестокото темпо, играат на многу полиња. Можеби изгоревме на дуелите против Монпеље, можеби изгоревме од желба, сакавме да го повториме успехот од претходните мечеви. Но, можеби требаше ова да се случи, да не спуштат на земја за да видиме до каде сме. Мора полека да се креваме нагоре“, изјави голманот Мартин Томовски. 

 
Дуелот во СЦ Јане Сандански меѓу Вардар и Кил ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе се игра и средбата меѓу ППД Загреб и Монпелје, а претхдно својот меч ќе го играат Сегед и Албор.  Шестото коло во А групата ќе биде заокужено во четврток со дуелот Мешков Брест – Елверум