Loading Video...
Ракомет
10. October 2019 - 15:10

Вардарци подготвени за дербито со Кил

Актуелниот европски шампион Вардар во сабота во скопје го пречекува германски Кил, во дербито од четвртата рунда, во која двата тима влегуваат како непоразени во групата. 
 
Тоа ќе биде шанса за вардарци да ги се реваншираат на Кил за поразот на почетокот на сезоната и тоа на „Супер глоуб“ турнирот. 
 
„Тие се далеку подобри од натпреварот на Супер Глоуб пред нешто повеќе од еден месец. Ова е натпревар на сезоната за нас. Јас очекувам многу бидејќи играме во Скопје, а се надеваме на одлична поддршка од нашата публика“, изјави Писонеро. 
 
Со својот тренер се согласува и крилото Тимур Дибиров кој на средбата со новинарите остави дека во овој меч црвено-црните ќе влезат со голема самодоверба. 
 
„Среќен сум што конечно дојде еден ваков тежок натпревар. Кога играш со екипи како Кил, расположен си и сакаш да се надигруваш. Би сакал да видам што ќе направи Кил за да победи во Скопје, да го победи еден Вардар на гостински терен. Ние сме подготвени, ќе биде уживање за сите навивачи“, истакна Дибиров 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Кил кој ќе се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 17:30 часот.
 
Вториот македонски претставник во ЛШ, Еурофарм Работник во меч од Ц групата во недела од 17 часот во Битола ја пречекува финската екипа Кокс,