Loading Video...
Ракомет
29. August 2019 - 18:17

Вардарци останаа без финалето на Супер Глоуб“

 
 
Македонскиот и Европски ракометен шампион Вардар НЕМА да игра во финалето на неофицијалното Светско клупско првенство „Супер Глоуб“.
 
Вардарци во полуфиналето на турнирот што се одржува во ДАМАМ, Саудиска Арабија, беа убедливо поразени од германскиот ривал Кил со 30-34 (17-19).
 
Лошата игра особено во вториот дел во кој германската екипа имаше и највисоки девет гола разлика, се покажа како преголем залак за реконструираниот Вардар, за кого по пет гола постигнаа Чупиќ, Дибиров и Шишкарев.
 
Така црвено-црните, наместо во финале ќе играат во деул за 3.место и тоа најверојатно против екипата на  Ал-Вехда имајќи в предвид дека минатогодишниот победник на турнирот Барселона важи за апсолутен фаворит во второто полуфинале. 
 
Утре е слободен ден, а натпреварите за медал, односно финалниот меч и дуелот за 3.место ќе се играат во сабота.