Ракомет
13. May 2017 - 16:50

Вардарци лесно до победата против Еурофарм Работник

Ракометарите на Вардар остварија лесна рутинска победа во дуелот против Еурофарм Работник. 
 
Во првиот меч од 7. коло во Плејоф лигата, вардарци забележаа убедлива победа со 37-19 полувреме 19-9. 
 
Гостите од Битола, имаа сили за отпор само во воведните 15. минути до кога губеа со еден гол разлика, по што следуваше серија на црвено-црните со 5-0 со што беше и најавен конечниот епилог на овој меч. 
 
Во победничката екипа најефикасен со 8 гола беше Иван Чупиќ, додека Деревен и Недановски беа стрелци на по 6 гола. Кај гостите се истакна Филип Чурлевски со 5 голови.
 
 
Попладнево во Велес, од 19 часот ќе се игра мечот меѓу последно пласираниот тим на Борец и Охрид, додека утре од 12 часот во салата „Автокоманда“ ќе играат Металург и Пелистер.
 
Табела: Вардар 18 бодови, Металург 15, Еурофарм Работник 9, Охрид 9, Пелистер 6, Борец 0.