Loading Video...
Ракомет
2. December 2018 - 15:10

Вардарци како втори ќе го чекаат пролетниот дел во ЛШ

Со синоќешната победа над Килце и вкупно освоени 13 бодови по десетте одиграни кола, македонскиот првак Вардар ќе презими на второто место на табелата во А групата, зад неприкосновената Барселона, а пред Килце, Ранј Некар Левен и Вестпрем.
 
„Задоволен сум од победата бидејќи совладавме силен тим каков што е Кјелце. Имавме одлично отворање на натпреварот и одлични 30 минути. Во еден период од средбата дојдовме и до 5-6 гола предност, но Кјелце е силен тим кој знае да се врати во средбата. Презадоволен сум од тоа што успеавме да победиме на еден вака тежок натпревар бидејќи имаме и намалена ротација поради повредени играчи. Сепак, ова е важна победа за нас".израви вардаровиот тренер Роберто Парондо.
 
И најефикасниот ракометар на дуелот против Килцем Даинис Криштопанс е задоволен од победата.
 
„Одигравме одличен натпревар во кој имавме добар старт. Подолго време се подготвувавме за него. Ни недостигаат двајца повредени ракометари без кои ни е тешко и тоа ни создава проблеми бидејќи ни се потребни во играта“, истакна Кристопанс на пресот по мечот. 
 
Вардарци сезоната во Лигата на шампиони ќе ја продолжат на 6 февруари со гостувањето во Германија кај Рајн Некар Левен.
 
Затоа пак веќе во среда (5 декември) Вардар и Металург ги очекува меѓусебен дуел во СЕХА конкуренцијата.