Loading Video...
Ракомет
9. December 2021 - 18:19

Вардарци ја продлабочија кризата, опоравување ќе бараат против Е. Пелистер

Кризата на македонскиот ракометен првак Вардар не престанува. Напротив. Таа е продлабочена со новиот седми пораз во низа во елитната Лига на шампиони
 
Иако можеби беа и блиску до поеда, сепак вардарци го претрпеа и седмиот пораз едно подруго во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето кај ППД Загреб од кој беа совладани во самиот финиш со 23-22. 
Паузата во елитното натпреварување ќе биде добредојдена за црвено-црните кои брзо ќе мора да го пребродат овој лош период бидејќи веќе следната седмица ги очекува големото македонско дерби со Еурофарм Пелистер и тоа на гостински терен во Битола. 
 
„Вложувавме многу надеж за овој натпревар дека можеме повеќе. Загубивме добиен меч, грешевме кога не смеевме да грешиме. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа. За седум дена ни следи важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум натпревари немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај ривалите. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на ППД Загреб му посакувам само успеси“, изјави тренерот на вардарци Веселин Вујовиќ.
 
По овој пораз Вардар сега падна на седмата позиција на табелата, со бод помалку од ППД Загреб, а едно повеќе Мешков Брест кој е последен, па така овие три екипи во продлжеието на сезоната закажано за крајот на февруари месец, ќе се борат за последно место 
во А групата што носи пласман во нокаут-фаза.