Loading Video...
Ракомет
16. February 2018 - 14:07

Вардарци ги очекува тежок дуел против ПИК Сегед

 
 
Откако минатиот викенд европскиот првак Вардар на гостувањето во Барселона го претрпе првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, пред црвено-црните в недела е нов тежок испит. 
 
Со Скопје, гостува унгарскиот тим ПИК Сегед кој мора да биде совладан бидејќи веќе во наредното коло вардарци гостуваат кај Нант, тим кој на табелата заостанува само еден бод зад македонскиот и европски шампион. 
 
Тренерот Раул Гонзалес е свесен дека против себе има незгоден ривал со кого ремизираше во првиот дел од сезонава во Унгарија (26-26).
 
„Пик Сегед е квалитетен противник, кој в недела ќе игра слободно, без притисок и со огромна самодоверба по големата победа во Германија на Рајн Некар Левен минатиот викенд. Добро се познаваме, знаеме дека нема да биде лесно, но и подготвиме сме да одиграме добро во меч на кој мораме да победиме, како и секогаш на домашен терен“, изјави Гонзалес. 
 
И капитенот Стоилов се согласува дека ги очекува тежок меч, но потсетува дека Вардар е европски првак и дека играчите мора така и да се однесуваат/. 
 
„ПИК Сегед е тим кој добро го знаеме, но и тие не познаваат исто така многу добро. Очекувам тежок натпревар. На првиот меч таму одигравме нерешено, очекувам така тешко да биде и сега. Но, ние сме европски шампиони, така треба и да се однесуваме. И играме на домашен терен“  истакна Стоилов.
 
Натпреварот Вардар- ПИК Сегед ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во недела со почеток во 17 часот,