Loading Video...
Ракомет
20. September 2018 - 16:22

Вардарци фаворити во дуелот против Кристијанштад

Откако сезоната ја започнаа со гостинска победа над актуелниот првал Монпелје, ракометарите на Вардар ја имаат фаворитската лога во дуелот против Кристијанштад во рамките од Лигата на шампионите. 
 
Вардарци во 2.коло од Лигата на шампионите ќе го пречекаат шведскиот Кристијанштад и тоа како големи фаворити. 
 
Сепак искусниот Тимур Дибиров смета дека и во овој меч мора да се има сериозен пристап и максимално залагање.
 
- Го заборавивме натпреварот против Монпелје. Не сакаме да гледаме назад и секој меч е важен за нас. . Ние го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута. Сакаме да победиме на овој натпревар, и се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите, изјави Дибириов.
 
Со Русинот се согласува и тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој потенцира дека секој освоен бод посебно на домашен терен е многу важен. 
 
„Натпреварот со Кристијанштад ќе биде многу важен за нас, бидејќи е прв во Скопје, во Лигата на шампионите. Сезонава сите тимови во нашата група се добри, затоа групната фаза ќе биде многу долга и тешка. Против Кристијанштад мора да играме борбено и да забележиме уште една победа“, изјави Парондо.
 
Вардар досега ги доби сите шест натпревари со шведскиот претставник во ЛШ, а следниот е закажан веќе за в сабота од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“.