Loading Video...
Ракомет
26. August 2019 - 17:15

Вардарци без тројца ракометари на „Супер Глоуб“

Македонскиот и Европски ракометен шампион Вардар без тројца ракометари ќе патува за Дамам, Саудиска Арабија, каде ќе настапат на неофицијалното Светско клупско првенство „Супер Глоуб“. 
 
Иако во некомплетен состав вардарци како актуелни Европски шампиони, важат за главен фаворит за највисок пласман заедно со шпанската Барселона која е бранител на трофејот од лани.
 
Новиот тренер Давид Писонеро нема да може да смета на тројца ракометари. Капитенот Стојанче Стоилов кој имаше операцијата на коленото, како и Жозе Толедо кој само што ја започна рехабилитацијата, додека повратникот во тимот Глеб Калараш нема отпатува поради административни причини.
 
Писонеро ќе го има на располагање и рековалесцентот Павел Атман, но дали ќе може да смета на квалитетите на Русинот, останува да се види.
 
Вардар ќе игра директно во четвртфиналето, а во него за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар од Саудиска Арабија и северно-американскиот шампион Њујорк. 
 
Без разлика на противникот „црвено-црните” важат фаворити за пласман во полуфиналето, во кое најверојатно за противник би го имале германски Кил кој во осминафиналето ќе игра против екипата на Универзитетот Сиднеј.
 
Турнирот започнува утре, а вардарци својот меч ќе го играат во среда (19 часот).