Loading Video...
Ракомет
19. March 2019 - 16:48

Вардар започнува против Еурофарм Работник, а завршува со Металург

 
 
 
 
Актуелниот шампион Вардар одбраната на титулата ќе ја започне со гостувањето во Битола кај Еурофарм Работник во првото коло од плеј-офот. 
 
Во истата рунда ќе се игра и вториот скопско-битолски дуел, во кој Металург ќе ја има улогата на домаќин против Пелистер. 
 
Покрај овие четири тима во раздигувањето се и аутсајдерите Тинекс Пролет и  Бутел. 
 
Иако Вардар важи за апсолутен фаворит сепак мора да се истакне дека во последното коло црвено-црните за противник ќе го имаат „лутиот“ ривал Металург. 
 
Натпреварите од плејофот започнуваат викендов, но натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Работник ќе биде одложен поради настапот на двете екипи во европските купови.