-->
-->
Вардар убедлив во дербито со Металург
-->
Ракометарите на Вардар направија голем исчекор кон одбрана на шампионската титула, откако синоќа во реванш средбата од домашниот плејоф, на свој терен го победија Металург со 38:25 (20:13). Сега Вардар и Металург се израмнети на табелата, но „црвено-црните“ имаат подобра меѓусебна гол разлика. До крајот на плејофот остануваат уште четири кола. На првиот меч во Автокоманда, Металург победи со 29:26.
Вардарци се пред освојување на 11 титула во домашното првенство што би бил трета титула по ред за нив.
На оваа средба само 20 минути траеше делумниот отпор на Металург. Гостите постојано ја форсираа играта „седум на шест" обидувајќи се на тој начин да добијат некоја предност кога се напад. Но, тоа многу не им помогна зашто во првото полувреме неколкупати примаа лесни голови.
Одбраната на Вардар се покажа како клучна во победата. Металург во 9. минута израмни на 5:5, а потоа Вардар постојано беше во водство. Во 21 минута Металург повторно намали на „минус 2" (13:11) и тоа е се што направи од аспект на резултатска неизвесност. Вардар со серија од 3:0 поведе со 16:11 и до крајот само ја зголемуваше разликата.
Во победничкиот состав најефикасен беше Тимур Дибиров со 8 гола, Игор Карачиќ постигна 7. Арпад Штербик мечот го заврши со 12 одбрани. Кај Металург најефикасен беше Немања Обрадовиќ со 8 погодоци
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица