Фудбал
19. May 2016 - 19:28

Вардар со победа над Работнички ја прослави 10. титула

Екипата на Вардар и официјално го прослави освојувањето на 10-тата јубилејна титулата фудбалски шампион на Македонија. 

Вардарци по натпреварот со градскиот ривал Работнички, а во рамките од последното првенствено кој, кој црвено-црните го добија со 1:0 го кренаа шампионскиот пехар.

Што се однесува до натпреварот одигран попладнево на арената „Филип Втори’’, до победата Вардар стигна со голот Златко Таневски во 46-минута од пенал. 

На останатите натпревари од ова последно 33.коло во ПМФЛ, Силекс и Брегалница одиграа без победник 1:1, а Шкупи загуби од Шкендија со 1:3.

Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони, додека Шкендија, Работнички и Силекс во квалификациите за Лига Европа. 

Лигата ќе ја напуштат Младост и Металург, а за опстанок во неа ќе се бори Хоризонт против екипата на Тетекс која го освои 3.место во второлигашката конкуренција. 

Следната сезона во Првата лига ќе се вратат прилепска Победа и Македонија Ѓ.П.