Фудбал
1. December 2015 - 13:55

Вардар - Шкендија ќе играат во Ѓорче Петров, а ќе суди Мечкаровски

Во фудбалскиот Куп на Македонија утре ќе ги дознаеме полуфиналистите, откако од 13 часот ќе стартуваат реванш натпреварите од четвртфиналето.
 
Натпреварот кој предизвикува најголемо внимание, меѓу Вардар и Шкендија поради лошиот терен на арената „Филип Втори’’ ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров.
 
Откако Вардарци упатија остри критики на арбитражата на Александар Ставрев по првиот меч одигран на стадионот Чаир, каде загуби со 0-3 , ФФМ реши на Димитар Мечкаровски да му ја додели одговорноста да се грижи за правдата на реванш мечот.
 
Во останатите три меча. 
 
Во Кратово, Силекс ќе има тешка задача да ја надополни негативата од 0-3 по првата средба со Работнички. Тимот на Хоризонт Турново пред своите симпатизери против Македонија Ѓ.П. ќе влезе предност од 4:2, по првиот меч во Скопје.
 
Најнеизвесно се очекува да биде во Кочани, каде Брегалница и Младост Ц.Д. реванш дуелот ќе го започнат со резултат 1-1 кој беше постигнат на првиот меч во Охрид.
 
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот.