-->
-->
Вардар шампион и во шампионатот во Пинг Понг
-->
Во саботата на 1 Јуни во Прилеп и во неделата на 2 Јуни пинг понгарите на ППК Вардар од Скопје и ППК Младост од Прилеп го одиграа финалето од плеј офот. ППК Вардар надмоќно ја освои титулата победувајќи во двата динални плеј оф натпревари со идентичен резултат 4:2. Со тоа вкупниот резултат на добиени натпревари изнесува 3:1 во корист на Вардар.
Тимот составен од државниот првак Станојковски,Апостолоски и Кироски под водство на тренерот Филе Матевски во текот на целата сезона претрпе само 2 порази, еден во регуларниот дел од сезоната и еден во полуфиналето на плеј офот. За вицешампионот Младост во финалните натпревари настапија, Јочкоски, Штаргоски и Милошевиќ (Србија ), предводени од тренерот Зоран Јованоски - Тарзан.
Во Крива Планка во неделата својот завршен ТОП 8 турнир го имаа сениорите на возраст до 21 година. Во отсуство на државниот првак Петар Костовски, првото место го освои Филип Костадиновски, втор беше Дамјан Стојчев, а третото место гоосвои Даниел Зхоу Главевски. Со својата слаба игра изненади Александар Рикалоски кој е вицешампион во оваа категорија, освојувајќи го четвртото место на ТОП 8.
Кај сениорките Ива Димитриевска фуриозно со седум победи без пораз го освои првото место, втора е Ана Стојановска и на трето место е Добринка Сотирова.
Со овие натпреавари заврши натпреварувачката сезона во првенството 2018/19.
Од 12 до 16 Јуни 2019 година во Скопје во СЦ Форца ќе се одржи Балканското првенство во екипна и поединечна конкуренција за кадети и за јуниори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа