Ракомет
12. February 2017 - 19:44

Вардар се врати на првото место во Б групата на ракометната ЛШ

Најефикасниот играч на мечот Алекс Душебаев кажа дека победата е обезбедена по одличната игра во првото полувреме.

- Ние почнавме добро, и во првото полувреме одигравме одлично. И во второто полувреме добро почнавме, но во последните 15 минути кога тие напаѓаа со 7 на 6 имавме доста грешки. Тоа го издржавме. Задоволни сме за оваа победа, и сега треба да се спремиме за дуелот со ПИК Сегед, рече Душебаев.