Фудбал
15. April 2018 - 18:35

Вардар се спаси од пораз, а Шкеднија го „демолира“ Пелистер

Во фудбалскиот шампионат на Македонија односно Првата лига попладнево беа одиграни средбите од 27.коло. 
 
Сеуште актуелниот првак Вардар се спаси од пораз во дуелот против Шкупи кој поведе во 32.минута со голот на Омер Имери, а предност имаше се до четвртата минута од судиското дополнение (90+4) кога Евгениј Новак го израмни резултатот и ги постави конечните 1-1. 
 
Во Битола, лидерот на табелата Шкандија забележа убедлива победа над Пелистер со 6-0. 
 
Серијата на голови ја започна Бесмир Бојку (29.минута), Енис ФАЗЛАГИЌ (38) заголеми на 2-0, а Егзон Бејтулаи (41) беше стрелец на третиот гол. И во вториот дел тетовци постигнаа уште три гола, а редоследно стрелци беа, Стенио Жуниор (55), Арменд Алими (62) и Марјан Радески (63). Потсетување дека овие две екипи следниот месец ќе играат во финалето на Купот на Македонија. 
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: Силекс - Академија Пандев 0-0, Скопје – Работнички 0-1 и Ренова – Победа 2-1
 
 
ТАБЕЛА: 
1. Шкендија 69 бодови, 
2. Вардар 49, 
3. Силекс 41, 
4. Работнички 35, 
5. Академија Пандев 32, 
6. Ренова 31, 
7. Шкупи 30 (-1)
8. Победа 25, 
9. Пелистер 24 (-1), 
10. Скопје 24