Loading Video...
Ракомет
6. December 2018 - 8:02

Вардар се изнамачи да го совлада мотивираниот Металург

Македонското ракометно дерби во СЕХА лига го доби Вардар кој се изнамачи во дуелот против Металург да стигне до нова победа. Вардарци како гости во СЦ „Борис Трајковски“ , а во рамките од 10.коло на СЕХА лигата, го победија Металург со минимално со 27-26.
 
Тренерот на актуелниот СЕХА шампион Вардар, Роберто Парондо, на овој дуел поголема минутажа им даде на  ракометарите кои поретко или воопшто не играат во мечевите од Лигата на шампионите, а младите „металурзи“ видно мотивирани се обидоа да направат изненадување. И, не беа далеку од тоа. 
 
Откако во воведните минути црвено-црните беа оние кои го контролираа резултатот, на средината на првиот дел Металург со серија до 4-1, а прва пат во 23.минута дојде во водство 11-10, која на паузата изнесуваше два гола 13-11. 
 
Домаќините имаа и највисоко четири гола предност во 34.минута (16-12), но како по обичај ибраниците на Брестовац немаа доволно сили да го довршат мечот. Му дозволија на противникот да ја анулира негативата, а во последната минута и да поведе со еден гол. „Металурзите“ го имаа и последниот напад, за израмнување, но удрот на шпенде заврши крај голот, па Вардар славеше со 27-26. 
 
Кристопанс, Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет гола, а Скубе четири за победничката екипа, во која се истакна младиот голман Марко Кизиќ кој имаше 14 одбрани. Кај Металург, најефикасен беше Шпенде со шест гола.
 
 
Веќе претстојниот викенд ќе се играат натпреварите од 11.коло, во кои Вардар в сабота гостува во Ниш кај Жележничар, додека Металург во недела ќе биде домаќин на Татран Прешов.