Ракомет
21. February 2016 - 19:43

Вардар се изнамачи да го победи Кристијанштад

Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата забележаапобеда над шведскиот првак Кристијанштад со 38:36 во рамките од 12. коло на Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ кои во првото полувреме имаа и шест голови предност, со оваа победа го потврдија пласманот во следната фаза и ги задржаа шансите да се искачат некое место погоре од сегашната петта позиција на табелата.

Најефикасни во редовите на македонскиот шампион беа Лука Циндриќ со осум и Сергеј Горбок со седум голови.

На другиот завршен натпревар од оваа рунда во Б-групата Киелце – Рајн Некар 28:27.

Табела:

1. Барселона 17 бодови (11 натпревари),
2. Киелце 17 (12),
3. Пик Сегед 15 (11),
4. Рајн-Некар 15 (12),
5. Вардар 14 (12),
6. Монпеље 7 (11),
7. Кристијанштад 5 (12) и 
8. Колдинг 2 (11).

Во следното, претпоследно коло Вардар гостува во Унгарија кај Пик Сегед.