Loading Video...
Ракомет
16. May 2019 - 19:03

Вардар реди победи во домашниот шампионат

Ракометарите на европскиот гигант Вардар се магнет за фановите во македонските сали кога настапуваат во домашното првенство но секако и предизвик за противниците да одиграат што подобро и порамноправно.  Црвено-црните синоќа гостуваа во Битола каде забележаа победа против Пелистер од 31-24.

Домашниот тим и покрај проблемите со заминати и суспендирани играчи на крајот сепак остави солиден впечаток особено во првото полувреме кога  играше рамноправно со неколку атрактивни потези и не дозволи  Вардар да направи поголема разлика и на пауза заминаа со водство од 15-14.

На почетокот на вториот дел Вардар се разигра и со серија од 5-0 го презеде водството што на крајот значеше и сигурна победа со 7 гола разлика.  Поповски беше најефикасен во редовите на црвено-црните со 11 погодоци додека кај Пелистер најефикасен беше Табенгует со 6 погодоци.

Вардар викендов ќе одигра уште две средби од домашното првенство против Бутел и Еурофарм.