Loading Video...
Ракомет
3. April 2019 - 14:52

Вардар против Загреб во финалето на СЕХА лигата

Вардар против Загреб ќе играат во финалето во СЕХА лигата
 
На завршницата на 8-мата сезона на СЕХА лигата, ракометарите на Вардар атакуваат на третата последователна, а вкупно петта шампионска титула. 
 
ППД Загреб е тимот кој ќе се обиде на црвено-црните да им се испречи на патот до новиот шампионски трофеј. 
 
Вардарци вчера во полуфиналето беа подобри од домаќинот Мешков Брест, а ППД Загреб во хрватската пресметка го совлада Нексе. 
 
Сезонава Вардар и Загреб одиграа четири натпревари. Освен првиот меѓусебен дуел во СЕХА лигата во Загреб, останатите три ги доби Вардар, вклучително и двата во осминафиналето во Лигата на шампионите и тоа одиграни пред само десет односно четири дена. 
 
Што се однесува до дуелите во финалето на СЕХА лигата, овие два тима досега одиграа две такви средби и тоа во Скопје. 
 
Првата во 2013-тата ја добија Хрватите со 25-24 по продолжението освојувајќи го единствениот шампионски трофеј досега, додека вториот лани во Јане Сандански му припадна на вардар со 26-24. 
 
Останува да се види дали Вардар по петти и ППД Загреб по втор пат ќе биде шампион во СЕХА конкуренцијата по мечот кој започнува од 19 часот. 
 
Претходно (16:30 часот) за третото место ќе се борат Мешков и Нексе