Loading Video...
Ракомет
2. April 2019 - 15:10

Вардар против Мешков ја почнува одбраната на титулата на „Ф4’ во СЕХА лигата

Со дуелот простиов Мешков ракометарите на Вардар ќе ја започнат одбраната на титулата на завршниот Фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига
 
Во својот обид да стигнат до петта титула во СЕХА лигата, вардарци први на патот ќе ги имаат ракометарите на Мешков кои ја имаат улогата на домаќин на завршниот турнир, што се одржува во Браст, Белорусија. 
 
Двата тима сезонава двапати одиграа вкупно четири натпревар. Во СЕХА конкуренција Белорусите ги добија двата дуели, додека во Лигата на шампионите,. Вардар победи дома со 30-23, а на гости одигра нерешено 31-31.
 
Ова ќе биде трета меѓусебна пресметка на овие два тима во полуфиналето, откако 2015-тата во Веспре,, Вардар загуби со 32-28, додека лани во „Јане Сандански“, црвено-црните славеа со 32-24. 
 
Дуелот меѓу Вардар и Мешков започнува во терминот од 19 часот, а претходно (16:30 часот) во првото полуфинале се среќаваат хрватските претставници ППД Загреб и Нексе.