Loading Video...
Ракомет
30. April 2018 - 14:45

Вардар против Французите по одбрана на титулата во ЛШ

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар титулата во Лигата на шампионите на завршницата во Келн ќе ја брани во дуелите против француските тимови. 

Откако втор пат во низа Вардар се пласира на завршницата на Лигата на шампионите, црвено-црните ја остварија првичната цел, одново да бидат дел од големата четворка во Келн.  А, таму во „ Ланксес“ арената, вардарци за противни сигурно ќе има француски тим, бидејќи останатите три учесници се ПСЖ, Нант и Монпелје. 

Вардар ќе се биде да стане првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата, но задачата нема да биде ни малку лесна, без разлика на противникот во полуфиналето, а се надеваме подоцна и во финалето. 

Нант на Кирил Лазаров кој пак е првиот играч во историјата кој со четири различни екипи ќе игра на фајнал-форот, е една од трите екипи кои сезонава му нанесоа пораз на Вардар. 

Mонпелје сигурно ќе биде незгоден противник имајќи ја во предвид нивната игра особено во вториот дел од сезоната, а водено ќе се обиде да го повтори успехот од 2003-тата кога ја освои титулата. 

За ПСЖ за кој ова ќе биде трето учество на завршницата, и не треба многу да се говори, но само ќе потсетиме дека токму преку „Светците“, вардарци лани стигнаа до шампионскиот трофеј. 

Кои ќе бидат двојките за полуфиналето ќе се знае во среда по ждрепката закажана во 12 часот во хотелот „Радисон Блу“ во Келн.