-->
-->
Вардар продолжува со битките во СЕХА-лигата
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска во рамките на 14 коло од СЕХА-лигата во Нови Сад ќе го одигра првиот дуел во 2019 година.
Од девет меѓусебно одиграни натпревари, „црвено-црните“ имаат осум победи и само еден пораз.
Овој меч е своевидно загревање пред претстојните важни мечеви во Лигата на шампионите против Рајн Некар и Веспрем.
Вардар вечерва на теренот ќе излезе без неколку ракометари. Игор Карачиќ доби пауза поради настапот на Мундијалот, додека поради повреда Борозан, Мораеш, Гедбан и Горбок најверојатно нема да настапат.
Вардар по 13 одиграни дуели го зазема второто место на табелата во регионалната лига со 11 победи и 2 порази, додека Војводина е на шестата позиција со 5 победи, 7 порази и едно реми.
Натпреварот во Нови Сад почнува од 17:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица