Loading Video...
Ракомет
29. April 2018 - 19:39

Вардар повторно дел од „големата четворка“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар втор пат во низа ќе настапат на завршниот фајнал-фор турнир во елитната Лига на шампиони 
 
Иако загубија денеска од Кил, сепак вардарци повторно ќе игра во полуфиналето. 
 
Макеоднскиот и европски првак Вардар загуби со 27-28 од Кил во реванш шетвртфиналниот дуел, но благодарение на победата на гости со 29-28 односно повеќето постигнати голови на гостински терен ракометарите на Вардар ќе имаат можност да ја браната титулата освоена лани. 
 
По лошиот старт во воведните 5.минута во кои Кил поведе со 0-3, следуваше серија на Вардар од 4-0 за водство од 4-3. 
 
Веќе во 15.минута црвено-црните имаа и 3 гола предност /9-6/, но упорните  Германците во 20-тата израмнија на 10-10, а со израмнет резултат 13-13 беше и на крајот на полувремето. 
 
Во вториот дел вардарци имаа и највисоки четири гола предност 21-17. 
 
Сепак тоа не беше доволно да се радуваат на победа бидејќи во самата завршница Кил стигна до победа од 28-27, но за среќа на бројните присутни во Јане Сандански и целокупната македонска спортска јавност, овој пораз сепак на крајот излезе добитна комбинација по која Вардар одново ќе биде дел од елитната четворка која ќе разигрува за шампионскиот трофеј.