Loading Video...
Ракомет
31. January 2019 - 19:35

Вардар потешко од очекуваното ја победи Војводина

Ракометарите на Вардар со победа во Нови Сад го започнаа завршниот дел од СЕХА лигата. 
 
Во дуел од 14. коло Вардар ја победи Војводина со 26-23 иако на полувремето до0маќините имаа еден гол предност (14-13). 
 
Најефикасен во редовите на македонскиот и СЕХА шампион беше Иван Чупиќ кој средбата ја заврши со осум гола, додека Сташ Скубе постигна седум, а Даинис  Кристопанс беше стрелец на шест гола. 
 
Со 12-тата победа Вардар се проби на првото место на табелата со 36 бодови, три повеќе од хрватските претставници Нексе и ППД Загреб кој в сабота гостува во Скопје кај Металург. 
 
Следен предизвик пак за Вардар е дуелот во Лигата на шампионите, и тоа тешкото гостување во Германија кај Рајн Некар Левен на 6 февруари.